Технологија Наука Прекин на ДНК кој го вознемири британскиот престол

Прекин на ДНК кој го вознемири британскиот престол

Анализата на ДНК им овозможила на британските генетичари да ја утврдат автентичноста на скелетот на Ричард Трети, што бил пронајден под едно паркиралиште во Лестер и со тоа да ја решат мистеријата стара пет века. Секвенцирањето на кралската ДНК, открило дека постоеле неверства поради кои би можело да се доведе во прашање сродството на поединечни британските кралеви.

– Откривме прекин во генетскиот синџир. Под прекин се подразбира појавување на нелегитимно дете во семејното дрво. Не знаеме на кое ниво се наоѓа овој прекин, но секако не сугерираме дека кралицата Елизабета не би требало да се наоѓа на тронот – изјави на прес-конференција во Лондон, Кевин Шурер, од Универзитетот во Лестер.

Англискиот крал погинал на бојно поле во битка во 1485 година. ДНК на скелетот одговара на два сегашни потомци од неговата сестра Ани од Јорк.