Свет Балкан Преговорите за Кипар завршија без договор

Преговорите за Кипар завршија без договор

Лидерите на кипарските Грци и Турци, Никос Анастасијадес и Мустафа Акинџи, синоќа во Женева не постигнаа договор за обединување на Кипар, но ќе продолжат да прават напори за наоѓање решение. Новата рунда преговори би требало да продолжи на 18 јануари, но на ниво на експерти.

По завршувањето на преговирите, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека двете преговарачки страни се подготвени да ги направат „последните напори“ за наоѓање решение.

Шефот на турската дипломатија, Мевљут Чавушоглу, по завршувањето на преговорите изјави дека експертските преговори на 18 јануари ќе се одржат во истиот формат како и вчерашните, односно со учество на претставници на двете кипарски заедници, Велика Британија, Грција и на Турција. Тој истакна дека не е утврден краен рок до кога би требало да завршат преговорите на експертите.

– Се надевам дека повторно ќе се собереме кон крајот на јануари – изјави Чавушоглу.