Македонија Преговарачите без коментар за новата рунда разговори за медиумите

Преговарачите без коментар за новата рунда разговори за медиумите

Денеска во Клубот на пратеници продолжија преговорите на политичките партии за реформите во медиумите што треба да се направат во согласност со Договорот од Пржино.

Претставниците на политичките партии и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте не сакаа да коментираат пред средбата за можниот тек на преговорите и за изгледите за брзо решение.

Се очекува политичките партии да договорат нов состав за советот на Агенцијата за медиуми, да се промени раководството на МРТВ, како и тоа на МИА, со што овие тела би се ослободиле од влијанието на партијата на власт, а веројатно една од жешките теми ќе биде и забраната за политичко рекламирање.