Хроника Прегазен пешак на патот Кичево – Гостивар

Прегазен пешак на патот Кичево – Гостивар

Шеесетгодишен жител на кичевското село Трапчин Дол го загубил животот во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на селото, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, околу 1.15 часот по полноќ, автомобил, марка „опел астра“ со охридски регистарски таблички, што го управувал А.С. (64) од селото Букојчани, удрил во пешакот Шукри А. (60), кој од тешките повреди починал на самото место.

Полициска екипа извршила увид на местото и работи на утврдување на околностите во кои се случила несреќата.