Хроника Прегазен 74-годишен пешак во Крива Паланка

Прегазен 74-годишен пешак во Крива Паланка

Седумдесет и четиригодишен жител на Крива Паланка го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила кај местото Лијаков мост.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 14 часот, кога возило, марка „даеву“, кое го управувал Н.Д. (20), удрил во Мијалко С. (74), кој пеш се движел по коловозот.

Поради тешките повреди, Мијалко С. починал на пат кон Ургетниот центар во Скопје.