Свет Балкан Предвремените избори во Косово на 11 или 18 јуни

Предвремените избори во Косово на 11 или 18 јуни

Предвремените парламентарни избори во Косово би можеле да се одржат на 11 или 18 јуни, но поголемиот број партии се согласни изборите да бидат на 11 јуни, рече претседателот на Косово, Хашим Тачи, откако денеска имаше одвоени средби со лидерите на политичките партии. Тој разговарал и со претседателката на Централната изборна комисија, Ваљдета Дака.

Собранието на Косово вчера изгласа недоверба на владата на Иса Мустафа, на иницијатива на Фатмир Лимај, претседател на партијата Иницијатива за Косово. Владата предводена од Иса Мустафа долго беше блокирана поради неможноста да обезбеди мнозинство во парламентот за договорот за демаркација на границата со соседна Црна Гора, а потоа и за визната либерализација.

Доколку изборите во Косово сепак се одржат на 18 јуни, ќе се совпаднат со парламентарните избори во Албанија.