Економија Предлогот за именување на гувернер ставен на денешната 46. седница

Предлогот за именување на гувернер ставен на денешната 46. седница

Предлог за именување гувернер на Народната банка е ставен како претпоследна, 39 точка на дневниот ред на 46. собраниска седница.

Претседателот Ѓорге Иванов ја предложи вицегувернерката Анита Ангеловска Бежоска за гувернерка, откако Богов, кој беше предложен за втор мандат, се откажа од кандидатурата по реакциите и полемиките во јавноста за негов повторен избор.

Ангеловска Бежоска осум години е на функцијата вицегувернер во Народната банка задолженa за областите монетарна политика, истражување и статистика. Таа беше реизбрана за вицегувернер на Народната банка, на предлог на Богов, на 20 септември 2017 година во Собранието.