Дописници Предизборни вработувања во штипската болница?

Предизборни вработувања во штипската болница?

Оглас за прием на 30 медицински сестри и техничари распиша денеска Клиничката болница во Штип. Оттаму велат дека предност ќе имаат неодамна отпуштените 25 волонтери, под услов да се со квалификации соодветни на критериумите од огласот. Некои од нив со години работеа без плата.

Според економската директорка на болницата, Елизабета Папарова, со овој оглас ќе се пополнат местата на пензионирани работници. Во исто време, ќе се обезбеди кадар за новоформираните одделенија во болницата.

Клиничката болница веќе подолго време има недостиг од едуциран кадар, поради што во план е едукација во повеќе области.