Македонија Пред Влада ќе се отвори пункт за донации за азилантите

Пред Влада ќе се отвори пункт за донации за азилантите

Од денеска до недела, во „Кампот на слободата“ ќе има отворен пункт за собирање донации за помош на азилантите што транзитираат низ Македонија.

Пунктот ќе биде поставен кај централната бина, пред Влада.

Секој што сака, може да помогне со донирање пилешки паштети, кроасани, енергетски штангли, урми, вода, затворени обувки за пешачење, чорапи, фластери, кенгури за бебиња и пелени.

На тема „Да им помогнеме на азилантите во Македонија“, ќе биде и дискусијата пред Влада на која ќе зборуваат. Адмир Фазлагиќ (новинар), Јасмин Реџепи (граѓански активист), Александра Давидовска (граѓански активист) и Блерта Дачи (граѓански активист).