Македонија Пред Основниот суд Скопје 1 денеска биле уапсени пет лица

Пред Основниот суд Скопје 1 денеска биле уапсени пет лица

Во 14.30 часот пред Основниот суд Скопје 1  приведени биле пет лица од кои двајца биле државјани на Шведска, двајца државјани на Србија и еден македонски државјанин, потврдија од МВР.

Кај едното лице биле пронајдени пиротехнички средства  и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава според Законот за заштита од експлозивни материјали.

По разговорите со приведените, тие ќе бидат пуштени.

Во времето кога лицата биле уапсени, во Основниот суд Скопје 1 се одржуваше судење за предметот „Диво Насеље“