Свет Балкан Православните христијани во Измир по сто години првпат го одбележаа празникот Богојавление

Православните христијани во Измир по сто години првпат го одбележаа празникот Богојавление

Православните христијани во Измир првпат во 94 години добија дозвола да го одбележат празникот Богојавление, јавува агенцијата ДПА.

На пристаништето во третиот по големина град во Турција, што некогаш бил половина грчки, свештеник го фрли крстот во водата и пушти гулаб на слобода како дел од церемонијата. Ритуалот го симболизира крштевањето на Исус Христос и Светиот дух.

На церемонијата присуствуваа Грци кои работат во Измир, членови на други православни цркви, регионалниот католички епископ, посетители од Грција и локални жители на Измир.