Македонија Пратениците во салата ќе поставуваат прашања, на паузата ќе се дружат со...

Пратениците во салата ќе поставуваат прашања, на паузата ќе се дружат со министрите

Во Собранието денеска треба да се одржи седница за пратенички прашања, како што е вообичаено за секој последен четврток во месецот.

Оваа седница, која почнува во 11 часот, би требало да се разликува од сите претходни, оти како што пред една седмица рече Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ,  сите пратеници, па и опозициските, на иницијатива на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, а во соработка со Националниот демократски институт, ќе може на паузата да им поставуваат директни прашања „очи в очи“ на премиерот и министрите.