Свет Европа Пратениците во Исланд ќе добиваат плата од 9.000 евра

Пратениците во Исланд ќе добиваат плата од 9.000 евра

Исландските пратеници кои викендов беа избрани на парламентарните избори ќе добијат зголемување на платата за 44 отсто и ќе примаат 9.000 евра месечно за да бидат финансиски независни, соопшти денеска комисијата задолжена за одредување на платите во јавниот сектор.

Комисијата ја сочинуваат пет претставници, тројца од парламентот, еден од Врховниот суд и еден од Министерството за финансии, кои имаат задача да ја одредат платата на пратениците, министрите, судиите и на другите вработени во јавниот сектор на Исланд.

Како што јавуваат исландските медиуми, комисијата оценила дека од суштинско значење е пратениците да бидат финансиски независни, особено по банкарската криза што го погоди Исланд во 2008 година, како и по обелоденувањето на светскиот даночен скандал „Панама пејперс“.

Парламентот на Исланд има 63 пратеника со мандат од четири години и досега при пресметувањето на платата не се земала предвид нивната работа надвор од парламентот.