Македонија Пратениците од СДСМ до среда нема да бидат дел од комисиите на...

Пратениците од СДСМ до среда нема да бидат дел од комисиите на Собранието

Пратениците од СДСМ најдоцна до среда, официјално ќе станат членови на собраниските комисии. Пратеничката група на СДСМ вчера ги поднела предлозите за претседатели и за членови за комисии, но сè уште не можат да почнат да работат.

Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, претседател на Комисијата за избори и за именувања, вели дека треба да се направат неколку усогласувања, па потоа да се гласа.

– Пратеничката група на СДСМ ни ги достави предлозите за претседатели и за членови на комисиите. Тие добија податоци во која комисија колку слободни места има и ние сега мора да ги усогласиме податоците. Ако не стигнеме оваа недела, седница на Комисијата за избори и за именувања ќе свикаме најдоцна до среда идната недела и ќе ги изгласаме пратениците од СДСМ за членови на комисиите – вели Илиоски.