Македонија Пратениците ќе расправаат за проблемот со иселувањето од Македонија

Пратениците ќе расправаат за проблемот со иселувањето од Македонија

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата за проблемот со сè поголемото иселување, особено на младите, од Македонија, на предлог на опозициските пратеници.

На дневен ред на продолжението на 67. седница е и предлог-законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка.