Македонија Пратениците ја избраа Рената Десковска за претседател на Советот на собранискиот канал

Пратениците ја избраа Рената Десковска за претседател на Советот на собранискиот канал

Рената Десковска од СДСМ, која е и потпретседателка на Собранието на Македонија, денеска е избрана за претседател на Советот на собранискиот канал.

На овој канал на јавниот сервис се емитуваат преноси од собраниските и од комисиските седници и македонски народни песни.

Советот за подршка на собраниски канал е посебно работно тело на Собранието на Република Македонија, кое „ги разгледува и ги усвојува реализацијата на програмата, финансиското и инвестициското работење во тековната година, предлага и усвојува програмски, финансиски и инвестициски план на Собранискиот канал за наредната година и обезбедува емитување на активностите на Собранието на Република Македонија преку програмскиот сервис – собраниски канал“.

Марјанчо Николов од Велес, пак, е избран за заменик-претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија.