Македонија Пратениците и денеска ќе расправаат за измените на Буџетот

Пратениците и денеска ќе расправаат за измените на Буџетот

За денеска е закажана 62. собраниска седница на која пратениците треба да разгледаат 87 предлог-закони од кои дел се во скратена постапка, а дел во второ читање.

На дневен ред се Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2015 година и Дополнетиот предлог на закон за национална база на податоци за лица со инвалидност, двата во второ читање.

Пратениците ќе расправаат и за поголем број закони во скратена постапка од областа на финансиите, образованието, екологијата, транспортот, социјалата…