Македонија Пратениците го изгласаа предлогот за зголемување на минималната плата

Пратениците го изгласаа предлогот за зголемување на минималната плата

Пратениците на денешната седница на Собранието на Република Македонија го изгласаа предлог-законот за минимална плата.

Со овој предлог-закон минималната плата се зголеми од 8.050 денари на 8.800 денари. Исто така, со овие измени се донесе и континуирано зголемување на минималната плата до 2016 година, така што во 2015 година минималната плата треба да изнесува 9.590 денери, додека во 2016 година минималната плата треба да изнесува 10.080 денари.

Изменетиот Закон за минимална плата треба да стапи на сила од 1 јануари 2015 година.