Собранието денеска ќе го одржи првото продолжение на 117. седница.
Дневниот ред на седницата е дополнет со предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за студентски стандард.
Пратениците денеска ќе ги разгледаат и предлог-законот за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва, како и предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за експропријација, на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, на Законот за игрите на среќа и за забавните игри и на Законот за железничкиот систем, четирите по скратена постапка.
На дневен ред на денешната седница се и предлозите за изменување и за дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и на Законот за престанување на важење на законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, поднесен од пратениците од опозицијата. Пратениците денеска ќе расправаат и за предлог-законот за вработување сто најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Македонија.