Македонија Пратеникот Исмаил Јахоски позитивен на ковид-19, информираа од Собранието

Пратеникот Исмаил Јахоски позитивен на ковид-19, информираа од Собранието

Согласно покажаните симптоми пратеникот Исмаил Јахоски е тестиран и неговиот тест е позитивен на ковид-19, информираат од собраниската служба за односи со јавноста.

„Поради ова, а се со цел истиот да биде под надзор на стручни лица како би се спречил развој на несакани компликации,пратеникот Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Апелираме до сите останати пратеници, освен во Собранието, да се придржуваат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските,“ се вели во соопштението.