Заврши големиот гејминг настан „A1 Game Fest“ што викендов се одржа во трговскиот центар East Gate Mall во Скопје.
Настанот во организација на А1 Македонија и GG.mk вклучуваше натпревари во видео-игрите CS:GO, Dota 2, Tekken 7, FIFA22, како и Cosplay натпревар. Љубителите на гејмингот во петокот и саботата имаа можност да ги следат натпреварите во живо во East Gate Mall, како и онлајн на сервисот „Tвич“ (Twitch).
Победници во FIFA22 е тимот на Red Devils. Пехарот во CS:GO натпреварот заслужено го добија GODMODE, Mystique победија во Dota 2, додека првото место во Tekken 7 го освои Renion.
На Cosplay натпреварот, пак, победата ја однесе Сара Трајкоска.
Еден од најголемите е-спорт настани во земјава, „А1 Game Fest“, годинава се одржа по четврти пат. Покрај паричните награди, за натпреварувачите и гледачите беа обезбедени дополнителни изненадувања и подароци.