Македонија Пожарот во стан во Хром бил прикривање убиство

Пожарот во стан во Хром бил прикривање убиство

Иако станува збор за првични сознанија, во текот на денешниот ден, Обвинителството во координација со МВР презема и други дејствија и се издаваат наредби за целосно расчистување на настанот

Фото: Мета.мк

Според Основното јавно обвинителство Скопје, чиј дежурен обвинител извршил увид во опожарениот стан во Хром, каде вчера беше пронајден пoчинат 35-годишник, жртвата била првин избодена со отар предмет, а потоа бил подметнат пожарот во станот, за да се прикрие убиство.

Иако станува збор за првични сознанија, во текот на денешниот ден, Обвинителството во координација со МВР презема и други дејствија и се издаваат наредби за целосно расчистување на настанот.