Главна секција Пожарот во фабриката „Треска“ изгаснат, нема повредени лица

Пожарот во фабриката „Треска“ изгаснат, нема повредени лица

Од пожарот во напуштената фабрика „Треска“ во центарот на Скопје на 14 април, 2022 г. | Фото: Мета.мк

Пожарот што избувна во поранешната фабрика за мебел „Треска“ е изгаснат и нема повредени лица. Командирот на Скопската противпожарна бригада изјави дека пожарникарите работат на расчистување на теренот и отстранување на можни остатоци за да не се обнови огнот.

„Не можам да кажам дали е подметнат пожарот, тоа ќе го утврдат надлежните органи. Важно е дека спречивме ширење на пожарот. Има во кругот на фабриката многу иверици, остатоци од мебел, лепила и други материјали кои се лесно запалливи“, рече командирот.

На гаснењето на пожарот попладнево работела целата противпожарна бригада, со вкупно 55 пожарникари во текот на два часа за да го локализираат и изгаснат пожарот.

На лице место излегоа и скопската градоначалничка Данела Арсовска и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, кои потврдија дека нема повредени лица во пожарот.

Втор пожар во фабриката „Треска“ за седум месеци, периодот помеѓу преполн со обвинувања и закани за тужби

Гори поранешната фабрика „Треска“, голем облак чад се издигна над Скопје [Галерија]