Видео Пожарот кај Чернобил е ставен под контрола

Пожарот кај Чернобил е ставен под контрола

Пожарот што вчера изби во близина на нуклеарната централа Чернобил во Украина, утринава е ставен под контрола, соопштија претставниците на службата за вонредни состојби.

„Шумскиот пожар е локализиран и запрен. Ситуацијата е ставена под контрола. Се продолжува со активности за сузбивање и за спречување на повторно избивање на пожар“, се наведува во соопштението.

Пожарот изби вчера и се прошири на околу 320 хектари површина.

Украинската полиција соопшти дека во текот на минатата ноќ се евакуирани повеќе жители од оваа област.