Хроника Пожарникар и полицаец повредени при гаснење пожар во стан во Штип

Пожарникар и полицаец повредени при гаснење пожар во стан во Штип

Ноќеска, триесетина минути по полноќ, избувнал пожар во стан на улицата Сутјеска во Штип, во кој изгорела целата покуќнина, информираат од полцијата.

При гаснењето на пожарот, од пламенот и од чадот биле повредени пожарникар и полицаец, кои веднаш биле пренесени во Клиничката болница во Штип.

Кај пожарникарот биле констатирани изгореници од втор степен на лицето и на дланките и тој бил хоспитализиран на одделението за хирургија на штипската болница, додека полицискиот службеник, кој се затрул со јаглерод моноксид, по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Пожарот бил изгаснат од штипската противпожарна бригада, а увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Штип.

Причините за пожарот и материјалната штета ќе бидат дополнителни утврдени, велат од полицијата.