Свет Европа Пожар во центар за азиланти во Шведска

Пожар во центар за азиланти во Шведска

Шведската полиција отвори истрага за пожарот што утринава избувнал во центарот за азиланти во јужниот дел на Стокхолм, при што оштетена била зградата и евакуирани биле 37 азиланти.

Пожарот го забележала полициската патрола која била во близина. Никој од жителите на центарот не е повреден.

Пожарникарите успеале да го згаснат пожарот по неколку часа.

Стокхолмската полиција тврди дека пред пожарот немало закани, иако агенцијата „Ројтерс“ наведува дека претходната ноќ биле откриени канистри со бензин.

Шведска минатата година прими рекордни 163.000 баратели на азил, повеќе од која било европска земја ако се земе предвид големината на земјата и бројот на жителите.