Македонија Пожарот во „Јан Амос Коменски“ бил од заборавена греалка?

Пожарот во „Јан Амос Коменски“ бил од заборавена греалка?

Пожар во работилница во подрумските простории избувнал утринава во Основното училиште „Јан Амос Коменси“ во Скопје.

Командирот на скопската Противпожарна бригада, Благоја Менковски, за новинската агенција „Мета“ изјави дека веднаш било реагирано и пожарот е ставен под контрола.

– Во работилница во подрумската просторија на училиштето, најверојатно од заборавена греалка избил пожар. Нема повредени, а пожарот е целосно изгаснат – изјави за „Мета“, Менковски.