Свет Европа Пожар во ноќен клуб во Украина, 22 лица повредени

Пожар во ноќен клуб во Украина, 22 лица повредени

Во пожар во ноќниот клуб „Ми100“ во Лавов, Западна Украина, повредени се 22 лица, објавија украинските власти.

Како што се наведува, пожарот опфатил област од 50 квадратни метри. Вкупно 250 лица биле евакуирани од клубот.

Лекарска помош побарале 22 лица, 14 се одведени во болница, а две се сместени на интензивна нега. Пожарот е изгаснат, а причините за избивањето сè уште не се познати.