Македонија Пожар во македонска православна црква во Сиднеј

Пожар во македонска православна црква во Сиднеј

Неколку часа по велигденскиот собир, се запалила црквата „Христово воскресение“ во Рокдејл, Сиднеј. Причините за пожарот, кој избувнал од покривот, сè уште не се познати, но австралиската полиција истражува дали пожарот бил подметнат.

Во гаснењето на пожарот учествувале 60 пожарникари, а тројца од нив биле повредени.

Домот за стари лица што се наоѓа до црквата веднаш бил евакуиран.

Оваа црква е во надлежност на владиката Петар, а во неа служи отец Митко Митрев.