Свет Балкан Пожар во луксузен хотел во Турција, евакуирани 400 лица

Пожар во луксузен хотел во Турција, евакуирани 400 лица

Најмалку 400 лица се евакуирани откако пожар избувна во хотел со пет ѕвездички во турското летувалиште Кемер на Средоземното Море, јави телевизијата „Хабер Турк“.

Пожарот избувна утринава, околу 8.00 часот, во кујната на хотелот, чие име не се соопштува.

Телевизијата наведува дека противпожарните сили евакуирале и некои од луѓето од балконите на хотелот.