Дописници Пожар во кула во населбата Блок 70 во Тетово

Пожар во кула во населбата Блок 70 во Тетово

Апарати за домаќинство и инвентар од балконска просторија, претпладнево изгореа во стан во кулата со број 5 во населбата Болк 70 во Тетово. Пожарот избувнал околу 11.30 часот и целосно е ставен под контрола за половина час.

– За среќа, со интервенција на три противпожарни возила и на осум пожарникари, спречивме пожарот да се прошири и на другите простории од станот – изјави командирот на тетовската противпожарна единица, Ука Алити.

Најверојатно, причина за пожарот е неисправна инсталација на апаратите за домаќинство, кои биле на балконот од станот.