Македонија Пожар во градската депонија во Велес

Пожар во градската депонија во Велес

Големиот пожар кој попладнево изби на велешката градска депонија се уште е активен. Во гасењето на пожарот повеќе часа работат вработени во Противпожарната единица во Велес и Јавното комунално претпријатие „Древен“ кое стопанисува со депонијата.

Моментално пожарот се гаси со три цистерни, а како што најавуваат надлежните, ако до утре изутрина пожарот не се изгасне со вода, во гасењето ќе биде вклучена и тешка механизација.