Свет Европа Пожар во британската амбасада во Хаг

Пожар во британската амбасада во Хаг

Едно лице е уапсено поради поврзаност со пожарот во британската амбасада во Хаг, соопшти денеска полицијата.

Мажот бил собран во близина на зградата на амбасадата, која е под силно обезбедување, но засега не се откриваат повеќе детали.

Противпожарните служби биле алармирани во седум часот изутрина откако случаен минувач забележал чад. Пожарот во моментов е ставен под контрола и нема повредени лица.

Британската амбасада се наоѓа во дипломатскиот кварт на Хаг. Причината за пожарот засега е непозната.