Свет Балкан Пожар во босанското МНР

Пожар во босанското МНР

Пожар изутринава изби во просториите на Министерството за надворешни работи на БИХ.

Како што јавуваат босанските медиуми, нема повредени бидејќи пожарот избил пред почетокот на работното време на министерството.

Според првичните информации, пожарот го предизвикал апарат за вода, а огнената стихија целосно уништила една канцеларија на министерството.