Свет Европа Пожар изби во зоолошката градина во Лондон

Пожар изби во зоолошката градина во Лондон

Пожарникарите го ставија под контрола пожарот кој ја зафати зоолошката градина во Лондон, но за сега не е познато дали некое животно е повредено.

Пожарот утринава изби во кафулето на зоолошката градина, во близина на делот каде има животни.

Медиумите јавуваат дека најмалку едно животно е исчезнато, но тврдењата не се официјално потврдени.
Објавени се снимки на кои се гледа дека кафулето во зоолошката градина е многу оштетено.

Официјални лица соопштија дека зоолошката градина ќе биде одредено време затворена за посетители.