Македонија Повредените полицајци се во добра здравствена состојба

Повредените полицајци се во добра здравствена состојба

На Хируршките клиники во Скопје, во моментов, се згрижени 20 пациенти и сите се во стабилна здравствена состојба, информираат од Министерството за здравство во врска со здравствената состојба на хоспитализираните припадници на безбедносните сили на Република Македонија.

„Во ГОБ „8 Септември“ се згрижени девет припадници на безбедносните сили на Македонија, сите се во добра здравствена состојба и се очекува во тек на денот најмалку двајца пациенти да бидат пуштени на домашно лекување“, стои во соопштението од Министерството.