Економија Поволни очекувања за обемот на производство во преработувачката индустрија

Поволни очекувања за обемот на производство во преработувачката индустрија

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во преработувачката индустрија во април годинава, во однос на претходниот месец, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а резервите на готовите производи сe намалени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат недоволната
странска побарувачка со 25,6 проценти, недоволната домашна побарувачка со 16,9 проценти, недостигот од квалификувана работна сила со 16,3 проценти и финансиските проблеми со 7,9 проценти.

Во поглед на бројот на вработени, се оценува дека тој ќе се зголеми.