Подглавна секција Повеќе од милион луѓе во 2023 година барале азил во Европа

Повеќе од милион луѓе во 2023 година барале азил во Европа

Во бројките на Агенцијата за азил на Европската комисија не се вклучени 4,4 милиони Украинци кои побараа засолниште во Европа од нападите на Русија

Фото: Bernd von Jutrczenka/dpa

Минатата година повеќе од еден милион луѓе побарале азил во 27. земји на Европската Унија, Норвешка и Швајцарија, објави Агенцијата за азил на Европската комисија, а пренесе германската новинска агенција ДПА.

Околу 1,14 милиони барања се за 18 отсто повеќе од претходната година, наведува агенцијата во својот годишен извештај. Најчести баратели биле бегалците од Сирија, а потоа од Авганистан.

На крајот на годината, во месеците по избувнувањето на војната во Појасот Газа, во Европа бил забележлив зголемен прилив на палестински бегалци.

Германија била главна дестинација на барателите на азил во 2023 година, со 334.000 апликанти.

Минатата година 996.000 луѓе побарале азил во Европа. Тоа е значително помалку отколку во 2015 и 2016 година. Тогаш, главно преку балканската рута, во Европа пристигнале 1,4 и 1,3 милиони бегалци.

Во бројките на Агенцијата не се вклучени 4,4 милиони Украинци кои побараа засолниште во Европа од нападите на Русија.