Свет Повеќе од 80 загинати во крвави судири во Јемен

Повеќе од 80 загинати во крвави судири во Јемен

Повеќе од 80 лица загинале во последните 24 саати во конфлитки помеѓу бунтовниците и јеменските сили за безбедност во Таиз.

Телата на 50 шиитски бунтовници биле пронајдени во рушевините во конфликтната зона во Таиз,  додека најмалку 30 припадници на силите за безбедноста настрадале во тие конфликти.

Јеменската војска се обидува да ја преземе контролата над Таиз, која е во рацете на бунтовниците од средината на јули, како и над пет провинции на југот на Јемен, меѓу кои е и Аден. Властите имаат воздушна поддршка од арапската коалиција.

Саудиска Арабија ја предводи арапската коалициона сила која на 26 март започна бомбардирање на шиитските бунтовници од племето Хути.

Според податоците на Обединетите нации, најмалку 4.400 лица загинале од март оваа година.