Uncategorized Повеќе од 30 лица починале од токсичен алкохол

Повеќе од 30 лица починале од токсичен алкохол

Индиската полиција соопшти дека повеќе од 30 лица починале од консумирање илегално произведен алкохол во Мумбаи.

Бројот на жртвите достигнал до 33, еден ден откако жителите на овој финансиски центар консумирале евтин пијалак.

Осумнаесет лица починале синоќа, само неколку часа откако го испиле илегалниот алкохол. Другите почнале утринава.

Повеќе од 20 лица се наоѓаат на болничко лечење.

Полицијата привела еден маж и го испитува за илегалната дестилација и за продажба на опасниот пијалак на работници во сиромашното предградие.