Свет Повеќе од 16. 000 лица заболени од ебола

Повеќе од 16. 000 лица заболени од ебола

Од еболата најпогодена е Либерија, каде се регистрирани 6.619 пациенти од кои 2.766 починале

Бројот на заболени од ебола во светот ја надмина бројката од 16.000, соопшти Светската здравствена организација.

Според СЗО, од оваа болест починале речиси 7.000 луѓе.

Најголемата досега забележана епидемија на ебола најтешко ги погоди западноафриканските земји Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.