Економија Потребни се инвестиции во земјоделскиот сектор бидејќи го зголемува учеството во БДП

Потребни се инвестиции во земјоделскиот сектор бидејќи го зголемува учеството во БДП

Земјоделско-прехранбениот е трет најголем сектор и од 2005-2015 година учеството во бруто-домашниот проиозвод (БДП) е 12 проценти. Заедно со преработувачката индустрија на земјоделски производи учествува со 16 проценти во БДП.

Од Стопанската комора на Македонија истакнаа дека инвестициите во овој сектор се од голема важност, бидејќи придонесува и во надворешно-трговската размена, а уделот на агро-прехранбените производи во извозот е од 16 до 19 проценти.

Лани производството на сокови се зголеми за 4 проценти во однос на 2014 година, а производството на вода за истиот период е зголемено за 25 проценти.

Во делот на производство на вода има 13 домашни компании кои произведуваат 24 различни брендови на вода и има 1.200 вработени.

Како успешен пример беше наведена компанијата „Кожувчанка“ која учествува со 28 проценти од производството на вода и инвестираше вкупно 400.000 евра за подобрување на своите брендови.