Култура „Потрага“ на Андријана Коровешовска победи на конкурсот за млади поети

„Потрага“ на Андријана Коровешовска победи на конкурсот за млади поети

Песните од наградените поети и дел од песните испратени на конкурсот ќе бидат објавени во збирката пезија која АМС ќе ја пушти во печат

Песната „Потрага“ на Андријана Коровешовска ја доби првата награда  на конкурсот за млади поети што го распиша Агенцијата за млади и спорт на Република Мекедонија, во соработка со Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ).

Од 86 пристигнати песни од млади поети на возраст од 15 до 29 години, жири-комисијата, во состав Вера Чејковска, Кочо Топузовски и Миле Јовановски, ги објави наградените песни. Втората награда ја доби песната „Јулска секвенца“ на Антоанета Ристевска и третата наградена песна е „Сведок“ на Мартин Каровски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој ги додели првите три награди, ваучери во вредност од 5.000, 10.000 и 15.000 денари, истакна дека песните од наградените поети и дел од песните испратени на конкурсот ќе бидат објавени во збирката пезија што до крајот на годината Агенцијата ќе ја пушти во печат.