Македонија Потпишан Меморандум за соработка помеѓу АМС и МЦКР

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу АМС и МЦКР

Меморандум за соработка помеѓу АМС и Македонскиот центар за култура и развој (МЦКР)

Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот центар за култура и развој (МЦКР) денеска потпишаа Меморандум за соработка. Документот го потпишаа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, и претседателот на Македонскиот центар за култура и развој, Нелко Нелковски.

„Со потпишувањето на Меморандумот ќе се овозможи реализација на проектите „Граѓанска превенција“„ и „Здрав спорт за здраво општество“, кои подразбираат активности за поврзување на локалните заедници во делот на превенција и едукација во сообраќајот, превенција од насилства во училиштата, превенција и едукација од злоупотреба на социјалните мрежи и компјутерски криминал, ден на спортот во Република Македонија, спортска дипломатија и ФАРЕ (Football Against Racism in Europe) национална координација на активности за Република Македонија“, стои во соопштението.

Дел од настаните кои ќе се оддржат вклучуваат јавни дискусии, дебати, трибини и конференции, уметнички изведби, фестивали, онлајн-кампањи, спортски манифестации и слично.

Овие активности ќе бидат насочени кон младите луѓе и спортистите за да се придонесе за директна вклученост и активизам преку креирање одржливи ресурси за квалитетен општествен, спортски и културен живот, велат од Агенцијата за млади и спорт.