Економија Потпишан договор за изградба на електронски систем за наплата

Потпишан договор за изградба на електронски систем за наплата

Договорот за изградба и за инсталација на електронскиот систем за наплата на патарина на Коридорот 10 – автопат Александар Македонски, денеска беше потпишан меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и компанијата „Аселсан“ од Турција.

Вицепремиерот Зоран Ставрески истакна дека станува збор за инвестиција во вредност од 18,7 милиони евра, од кои 15,8 милиони евра Владата на Република Македонија ги обезбеди со заем од ЕБОР, а останатите 2,9 милиони евра се буџетски средства.