Свет Потона брод со 458 патници во Кина

Потона брод со 458 патници во Кина

Кинески патнички брод со 458 патници потона синоќа на реката Јангце во покраината Хубеи, извести кинеската агенција „Синхуа“, повикувајќи се на управата за речна пловидба.

Агенцијата јавува дека по несреќата спасени се седум лица, вклучувајќи ги капетанот и инженерот, кој рекол дека бродот потонал многу бргу откако бил зафатен во бура.

Според податоците на управата за речна пловидба, бродот пловел со 405 кинески патници, пет туристички агенти и 47 членови на екипажот.