Свет Балкан Потона брод кај Пула – спасени 17 лица

Потона брод кај Пула – спасени 17 лица

На седум наутички милји од брегот, пулската поморска полиција спасила вкупно 17 лица кои скокнале во морето од мал брод кој почнал да тоне.

При брзата интервенција на тричлениот екипаж на полицискиот брод, спасени се 15 странски државјани, како и капетанот на бротчето и инструкторот за нуркање, двајцата државјани на Хрватска.

Нема повредени. Бротчето е целосно потонато, а претставниците на Лучката капетанија сè уште утврдуваат кои се околностите на настанот.