Свет Балкан Постигнат договор: Иса МУстафа е новиот премиер на Косово

Постигнат договор: Иса МУстафа е новиот премиер на Косово

Лидерите на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи, и на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, постигнаа договор Мустафа да биде на чело на коалициската влада, а претседателот на собранието да биде од редовите на ДПК, јавуваат косовските медиуми.

Договорот за формирање влада е постигнат на состанок одржан во кабинетот на претседателката на Косово, Атифете Јахјага, на кои присуствуваше и американската амбасадорка Трејси Ен Џејкобсон.

Конститутивната седница на собранието на Косво наскоро ќе биде одржана, а со него, според косовските медиуми, ќе претседава Флора Бровина, која, како што пренесува „Кохавизион“, веќе дала налог на собранискиот секретаријат да почне со подготовките за организирање седница. Седницата, според медиумските извештаи, ќе биде свикана на 21 неомври, кога ќе биде избран и претседателот на парламентот.

Како што јавуваат приштинските медиуми, Тачи планира кон средината на 2016 година да се кандидира на претседателските избори на Косово, откако ќе истече мандатот на сегашната претседателка Јахјага.