Македонија Градот Скопје постави осум патоказни табли за туристите

Градот Скопје постави осум патоказни табли за туристите

Градот Скопје постави осум патоказни табли, на осум локации во центарот на градот, за промоција на културно-историските објекти и за полесна ориентација на граѓаните и на туристите.

Како дел од проектот „Поставување туристички патоказни табли“, поставени се осум столба со три патоказни табли, кои ќе им послужат на посетителите и на граѓаните лесно да се ориентираат и да го посетат саканиот културно-историски објект или локалитет во централното градско подрачје.

Некои од нив се наоѓаат на плоштадите, наспроти Собранието, наспроти „Порта Македонија“, на улица Македонија и на други места.