Свет Свет Последна операција за спасување на навалениот брод

Последна операција за спасување на навалениот брод

Утринава на југозападниот брег на Франција почна последната операција за спасување на товарниот брод „Модерн експрес“, кој веќе седми ден, наведнат под агол од речиси 50 стеоени, се обидува да се доближи до францускиот брег меѓу Бордо и Бијариц.

Бродот, долг 164 метри, превезува 3.600 тони дрвен градежен материјал и машини за копање, како и околу 300 тони гориво, а почнал да се навалува минатиот вторник, по што упатил повик за помош. 22 члена на екипажот се спасени со хеликоптер.

Емануел де Оливиер од Атлантската поморска префектура рече дека е „невозможно да се исправи бродот“, јавува „Би-Би-Си“.

– Операцијата на тегнење почна. Четири експерти од холандската компанија „СМИТ Селвиџ“ се на бродот – објави перфектурата на „Твитер“, пишува францускиот весник „Фигаро“.

Во перфектурата вели дека ветерот денеска ослабнал и оти условите се поповолни за операцијата.